ориенталски (прид.)
Халиле се оддели од другарките, излезе насред одаја пред свирачките и кадијата, и почна да извива ориенталски игри.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во одајата единаесет млади жени, која од која помлада, поубава и погиздаво облечени, наконтени, набелени, нацрвени по ориенталски.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Невозможно е да се избројат сите ориенталски специјалитети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)