оревче (ср.)
го врти ко пергил, ко шупливо оревче, далги ко куќи, ко ридови, небото го досегаат и тогаш многу повраќавме на бродот, ете, си велиме наспроти глава ни било трчањето, ама враќање нема, гледаш само вода и сонце, сонце над водата, сонце во водата, ѕвезди над нас и ѕвезди под нас, мислиш си залидал некаде во небесата, меѓу секавиците што се палат,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На градите ѝ се запокажале две недополнети брадавици, небаре оревчиња загаснати уште на заврзување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Небаре оревче ми крцна под стапалото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Прстот кој од забава понекогаш му го ставаше во устата а тој со сласт длабоко го вшмукуваше, еднаш велејќи дека има вкус на толчено морско оревче, друг пат на киви, сега му предизвика мачнина.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пред четири години ја купи „Дрвена градба“ на чии рустикални маси се служеа само кикиритки, пистации, пржени компирчиња, оревчиња, крекери со сирење и слични грицки.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Има вкус на ливадски мед, зрела смоква, цреша, карамел, чоколада, егзотични зачини, морски оревчиња, каранфилчиња, шафран.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Откако ќе се олади, да се стави цимет и морско оревче.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)