опчекори (св.)
- Тогаш поинаку, - рече Бојан па повторно ја фати овцата, ја опчекори, ѝ го стегна вратот со колениците и ја подметна нежната, изгладнета Снежанка да цица.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во Битола само на војници и на курви се сопкаш, велат. За едно кравајче леб ќе ти го кренат фустанот, велат, за една чаша ракија ќе ти се расчекорат, ќе те опчекорат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој ги откопчува панталоните, а јас му скокнувам, го опчекорувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
* Во себојно фустанче облечено за брзо соблекување, директно од ролшуи на штикли (така ли се стига побрзо?) нетрпелива да го пополниш идеалниот градник, со двете немирни, долги нозе сакаш да го опчекориш градот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Почнав со посетата на онаа нива во Далјани, во која дамна, седнат во топлата свежо изорана бразда што се испаруваше, гледав како волците слегуваат по сртот на планината, темни четинари спроти пролетната проѕирност, гледав како две чавки ја опчекориле, гладни, нашата ровка земја, и како волците стигнуваат зад стапалата на татка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
2. Средата поручек Боцевата берберница е живната. Пред вратата ја опчекориле клупата и играат шах слепиот Саве и син му на Боцета, Миланче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Оти таа умее и да ти се отме Токму во моментот кога ќе поверуваш Дека ќе можеш да ја опчекориш.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Па, замисли, со бостанот во „загрљај“, го опчекоруваш спијачот и молиш Бога да не се разбуди,не дај Боже да налеташ на оној малиот, со пес поголем од него, што се пенави на нејаки жени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)