опна (ж.)
Толку се расположија што Ариф опна и 3—4 пушки во знак на победата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А за мене, оној надворешниот, од онаа страна на опната, загатката на Обликот е и моја загатка, неговата рамнодушност моја болка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Под нежната опна, непропустливата мембрана што го поништува надворешниот свет, обликот господари со своето траење.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Опната е извонредно нежна, иако со некоја матна проѕирност, така што обликот внатре повеќе го насетувам одошто гледам.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но, „Маргина“ фура понатаму („Човековиот живот е само низа фусноти по маргините на еден огромен, неосознатлив ракопис“). Грепкањата на нашите скрибомански канџички можеби само ќе ги слушнете, бидејќи го немате оној бетмен- поглед што ги пробива „централните“ опни.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тивко како божество, што сонливо се наднело над пределите на Франција, таа нежна ленена опна, таа бујна вреќа со вжештен воздух лесно би можела да се откине и ослободи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Попот се опна да ги задржи, се опнаа и самарџијата и татко му на ибн Пајко, ама тоа не помогна и Бошко, кој истрча пред попот Ставре, прв се нанижа на турското сечило.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)