опијанет (прид.)
Беше еден од водачите на глутницата и сега беше опијанет од гладот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На сите лица радост, опијанетост од убавината, од средбата, од миризбата на вкусно зготвената манџа во казаните што испарува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Медот ми помага во сѐ, велеше учителот, ме трезни кога сум опијанет, ме лечи од несоница, ме брани од лоши соништа, од тешко главоболие, од лудило.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Работи, ама како некој да му ги држи рацете. Ќе земе да делка, а секирата му стои чипаво. И наместо тој неа, таа него го занесува. Го шета наваму-натаму, ко опијанет да е човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Изгледа сѐ е веќе пијано, цел свет е пијан, никој ништо не работи неопијанет.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цицлесто суштество е со оклоп од чиста рунска волна и со мисла опијанета од илјада кавали
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Грбот може уште многу замаени, опијанети и забегани да понесе на кркуш, за да не се срамотат кога ќе се прпелкаат во пепелта.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)