опиум м.

опиум (м.)

Додека алкохолот ги разврзува јазлите и ги кине инхибициите создавајќи ексцитации и добро расположение во друштвото, и привидно подигајќи ја душевната и телесната снага на опиениот, опиумот омамува многу посилно и ги отстранува непријатните впечатоци, предизвикува еуфорија, која стреми да се проживее во осаменост, потиснувајќи го истакнувањето на личноста“ (Flury).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како во времето на де Квинси да не постоеше закон против наркотици, голем број луѓе го земаше овој препарат на опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Многу години подоцна, уште еден великан, Жан Кокто се обидува да ги спознае тајните на опиумското искуство и, очигледно задоволен со доживеаното, во 1930. година, во книгата Опиум пишува: „Некои зборуваат за робувањето на опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Укинување на забраната за користење дрога не би претставувало скок во непознато. Соединетите Држави имаат долгогодишно искуство со прописите во врска со алкохолот и тутунот, додека уживањето на кокаинот, марихуаната и опиумот било дозволено подолго од еден век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега сакаше да пуши трева и хашиш и опиум и низ прозорецот да зјапа кон Алкатраз.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А Атеистичкиот музеј? Замена за една верска илузија која најмногу би го интересирала Фројд. А религијата како опиум на народот? Идеја преземена од Фоербах и другите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Деновиве го гледав неговиот документарен филм "Релиџилус", во којшто Бил решил без страв ем срам да му излезе на мегдан на најголемиот народен опиум: религијата!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Одамна не беше пушела, секое вдишување за нејзиното тело беше вистински опиум.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Опиум... така е, опиум! - се радуваше и го преповторуваше зборот за да не го заборави во понатамошното убедување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Опиум!!! Опиум е, другари борци, зборот шо го кажа Захаријади... Опиум!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Опиум! Опиум е верата за народо. Така рече другаро Захаријади... Да...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)