оператор (м.)
Маусот или електронскиот молив се магичното стапче што го контролира огнот на мониторскиот дисплеј и ја зауздува креативната сила на операторот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Имаше луѓе на кои сум им правел добрини: сум се зазел дете да им влезе на работа, болен да им се излекува, да се оперира од најбашни оператори, лек да земе од најдобри аптеки, данок ако задоцнил да плати, да не се казни, сливи со ним да се наведнам да собирам, ако се стемнувало и не можеле да стигнат да ги дособерат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Поради недостатокот на информации од самото место, барал мисијата да биде составена од еден оператор за радиоврска, и еден српски офицер кој требало да дејствува како офицер за врска.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од другата страна ме дочекува операторот на некој синџир на хотели и забавни паркови во Флорида што ми нуди седум дена за само пет дена во рок од три дена.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Партнерот ми вети дека ќе ме вработи во еден мобилен оператор.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)