онаму прил.

онаму (прил.)

Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подбивај се со мене, со мојата чест, но пред да заминеш врати ме онаму од кај денеска ме зеде!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Едниот девер ги става пред неа новите чевли, таа ги клоца де онаму! — „Ај беља!“ — вели тој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на крајот им рече: - Мартин со воловите е онаму долу под коријата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Селим-бег од Коњари продолжи да раскажува: – Ене онаму, откај што огрева сонцето – и покажа со рака преку високите Селечки Планини – таму зад оние високи ридишта, велат имало земја каде што наша нога не стапнала и имало луѓе – ѓаури што не признавале ни цара ни везира.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Барем го вратив онаму, од каде што беше тргнат, мислеше, барем го натерав да се врати во својата стара шума. Беше слаба утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За овој човек, кому височините на скелињата му беа и судбина и леб, сега веќе немаше место онаму, каде што беше барем малку подигнато од земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не заради себе, воопшто не заради своите ноќи, заради него и заради неговите огромни рачишта, да не почне да ги враќа пак камењата онаму, каде што мирувале отсекогаш, да неби да му удри во рогот и нешто такво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со трчање се упативме кон „Жандармерискана“, што се наоѓа онаму, на она место каде што патот од селово се здружува со џадето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Онаму, каде завршуваа жолтите, плодни житни полиња, започнуваа прекрасни, непрегледни маслинови гори.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие знаеја дека од него помош не можат да имаат, но како да не се занесеш во надеж кога ене онаму од ридот да скочиш низ баџа дома на софра ќе се најдеш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Треба да им пронајдам место за шаторите. Мислам добро ќе им биде онаму долу, над стубелот. Вода ќе им треба. - Шатори велиш, а? - Така сакаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Очекуваше да чуе човечки глас, ’рзнување на коњ, истрел, очекуваше онаму над колибата, во длапката низ која минуваше поточето за село, да ги догледа татка си, деда си, коњот...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Каде ќе одиш? - Онаму, - неодредено рече Бојан, покажувајќи со главата кон Чукарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Спањето ќе ви биде онаму на чардакот. Кокошките сами ќе се тргнат на една страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како ќе доведат куче, Доксим Тренчески ќе викне: - Онаму врзете го, вели, за сливине, врзете го.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури онаму, настрана, летаат деланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури онаму, долу, надолу, кажува Гојко, а очите му светат небаре пулајки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Па ајде гледај, ќораво пиле, отвори ги очите, погледај ене таму, онаму каде што свети како оган, ене...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сум читал или сум слушал некаде дека онаму кај што молчат гробовите, го снемува животот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе