одмери (св.)
Светлокосиот зачудено го изгледа, одмерувајќи го од глава до петици со таков поглед како да сакаше да каже: откај накај си способен ти за таа работа!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ме погледна под очи, ме одмери со недоверба од која грлото ми се сушеше и подаде рака.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пенчо ги одмери и вешто го фрли каменот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ме одмери со студен поглед од кое морници ми полазија по грбот и се изгуби зад тезгето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мајка му ја отвора вратата од собата, го одмерува со еден тежок поглед, а Ване на брзина го крие стрипот под перницата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се обѕрна околу себе и погледот му се насмеа додека го одмеруваше нараснатиот куп црвеникави штици, нафрлани на подот, уште топли од неговиот допир, а од другата страна смалениот за една добра третина куп на истркаланите трупци.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога беше готов, рече: - Уште да ги расечам, - рече погледнувајќи во Котета и набрзина одмерувајќи ги братучедте.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Србин чувствувајќи се како врапче во дланката на непроѕирната ноќ, потамина, сеќавајќи се на одмерувањата што со поглед ги правеше уште додека беше ден, фрли камче кон Шишмана.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Два помлади, со бело-златесто космато крзно и со високи поткривени рогови, игриво си ги одмеруваа силите допирајќи се со роговите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Корнел смета дека иако МекКинон „површно го отфрла сонот за симетрија, кој нас нѐ одмерува според машката норма,“ таа сепак“ не може а да не западне во оној мошне стар сон, имајќи ги предвид границите на нејзиниот сопствен теоретски дискурс, кој нужно се откажува од жената како женственост, бидејќи таа може да „гледа“ единствено од маскулинистичка перспектива“(151).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Градот, откако слушаше, гледаше, вкусуваше, чувствуваше, измери, и одмери, сега ќе мора да ја изврши конечната задача.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Одмерувам... Одвратен е... испушта глас... Го столчувам...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И додека со поглед го одмеруваше стеблото на дивиот костен, јас треперев.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Од тоа стојалиште, тие одмеруваат, според множеството кругови или според секој круг, одреден континуум, простор одреден во секој од случаите на со максимум замисливото време.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Додека минуваше покрај нив, жените го одмеруваа во непријателска тишина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И уште нешто му велеше: Оддалечи се од работ и воопшто од местото што го обликуваш и дури тогаш погледот ќе ти биде точен во одмерувањето, ќе ти ги покаже правите и кривите линии!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И Пандил врти со главата, изгледа разбра. Јас често подзастанувам блиску до дупката и одмерувам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)