одвај прил.

одвај (прил.)

И така мнозина за многу години, одвај собраа 38 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Светлината сончева одвај приѕирнува таму.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Па дочаквах свое либе тамо во градина, кога оно утром рано, во зора гл'бока, зело лејка в бела рака, цветја си поливат, а ја одвај, одвај дишам, да не ме догледат...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Збивал, збивал, одвај душата си ја зел од пусти страв што беше превидел од држењето на Велка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Лели јас тогај се ошумоглавив и Велко ме фати, та одвај ме пушти?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби комитетот успеа во самата Македонија да биде општомакедонски, само не доби признание од надвор, во Европа? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Доаѓа од градот нестрпливо забрзан, се обѕрнува и вика, со одвај забележлива циганска интонација.) Ајде, поитај, бре Ампо, немој така како непоткован коњ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Излегувајќи од врбјакот со кутијата в рака.) Еве ме, одвај ја најдов кутијава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На нашите чорбаџии нема кој да му и пасе овците, говедата, свињето, а сиромасите нема шо да и ранат, та така од волкаво село од двесте куќи, одвај дваесет триесет деца одат на училишче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа толку го притискаше, та иако имаше одвај триесет годиии, почна да белее. Но немаше каде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, рано е уште, одвај пет часот ако има, но ене, дошле луѓе без пазар, та иако платат Пушмарко, Баба, Јашмакот и други по две банки казна на рефератот од командирот на општинската полиција, Милана, за предвремено „отварање радње“!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Попусто фалбите, - одвај успевајќи му велеа едни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- На ќерка ми, - рекол тој одвај. – На ќерка ми нека ѝ ја чува жената за невеста кога ќе биде, среќа да ѝ донесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одвај го изгасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Очите ѝ се слаби и дење, ноќе е како слепа, одвај ја забележува и светлоста на далечните ѕвезди, тие неми сведоци на оваа необична средба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А млада си, ете, одвај што си почнала да живееш и веќе си на буништето од кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе