оданде (прил.)
Тој отаде, јас одаде. И се гледаме така, се срамиме, не знаеш што да проговориш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И, кладов крај постелата Уљина: секира отаде и одаде, вода - отаде и одаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еда, се напив и отаде и одаде. На три места.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Една вика од ваму, друга оданде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од сите страни се слуша свиркање, дуваат стражарите, пиштат празните ходници. И оданде, и одавде, од секаде...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги закопуваме кутиите в земја, а оданде ми викаа: Те бара Горачинов, те бара Горачинов!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)