овенат (прид.)
И пак го наведнува, како овената трева, зашто чеканиот не е.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Благица дојде многу загрижена од училиште. Седна до масата, лицето си го потпре во малите дланчиња и додека очите и се полнеа со солзи, црвените панделки се навалија како две овенати рози.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Ги редеше цвеќињата во чаша со вода и го молеше Висара да не ги фрла кога ќе овенат, тука да ги чува додека не му донесе свежи; овенатите цвеќиња ги завиткуваше во шамиче и ги редеше в џеб.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Повторно доаѓам пред долината и таа се отвора како стара книга на залутениот ветар лисјата се шират и во неа влегуваат право високото небо со гребенот на врвот планински што лебди над облаците потоа снегот што се спушта жолт и овенат право во моето срце измешан со поројот во 'рбетот што му шуми.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Течат по избразденото лице. Паѓаат врз овенатите лисја на пелинот што расте крај прагот на бараката...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
-12 583 000 ДМ., добро е добро - потпевнува Фјодор и полн со љубов го штипнува овенатиот образ на неговиот пр. сликар. Отрчува во клозетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Улицата остро свртуваше и завршуваше во долги скали што водеа во една потоната уличка, во која неколкумина тезгаџии продаваа овенат зеленчук.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
11. Лежи песната ранета на твоите овенати усни и млакиот шепот сака некому да ја рече Никој не слуша Бараат очите твои низ ноќта в ноќ што се мрачи и стихот со болката измешан не може дално да оди Никој не слуша Те слуша болката само и неа сега ја слушаш сал ти Во овој мрак што се грчи самотата станува болка песната станува болка болка е сета ноќ Ноќта го испи мракот и стине во шепотот млак во очите песната бледнее и немо се пробива мракот пред потполниот мрак
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Полето врело клокоти под ова црвено небо птицата чудно цвркоти крај еден овенат шебој ноќта необично глува за оваа доба од годината гората пеколно сува една ѕвезда од небо е скината Еј ти усто зината во нас пленот што го препозна животот вреќа е скината со староста тоа го дознав 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Тревникот не беше само полегнат во форма на извитканото тело на змијата, туку и тревата беше овената.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се веднеше за да собере некој овенат лист, или бубачка, или да откине некое гранче зафатено од лисни вошки, или да го собере ѓубрето околу коренот на растението ако се сомневаше дека тоа не се храни доволно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Лево, рој женски гласови се оѕваа и, чиниш со лесен лет на пеперутка, ја пробиваат темнината и кратко, задржувајќи се меѓу осакатените дрвја, јагленосаните гранки, подгорената трева и овенатите полски и шумски цвеќиња - ја отпеваат изгубената младост, убавината и недоживеаната љубов...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Боли раната крвјосана и боли овенатата и сѐ уште недорасцутената младост.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)