облик (м.)

Блажени да се твоите пречесни раце, од нив му слезе на твојот народ богоразумен облик и ги напои со божествена роса нашите срца изгорени од сушата на гревот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Тој дури оди толку далеку да тврди дека апсолутистичката монархија (што по негово мислење најцелосно е остварена во тогашна Прусија) е најсовршен општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Предметите личат на луѓето, луѓето на предметите, звукот е со материјален облик и конкретна боја, бојата со внатрешна смисла и специфична тенденција.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ι Со лажна убавина ги обвива предметите и им дава облик на вистинско збивање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Трите неподвижни сенки немо чекаа. Над оџакот на соседната стреа се мачеше ноќниот срп; не можеше да се отплетка од густите облици.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крај нив минуваа голи модри карпи, тој во нив наоѓаше досега неоткриени облици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Погледни, тој е без облици, неговата крв не е сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И почна да открива непознати димензии протегнати во бесконечност и во нив растргани облици, претстави за кои во врелината на треската нема чудење.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но и без да погледнам знам дека куп подвижни кумулуси го составуваат од бели облици ликот на големиот Сталин, од студентските дни Јосиф Висарионовиќ Џугашвили. Тој, ти кажувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Полудуваше со залепени клепки: точно врз очите му лежеше студена арапска сабја, или боцкава жица, или танка змија, сеедно, тој зрак, тој ноќен призрак го менеше својот облик, и човекот како и да се наместеше во постелата го чувствуваше и остаруваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Не одустанувате од својата игра и горди сте што имате свој медиум за да се убедите дека не сте без вредност?“ Отец Симеон зачудено ги дигна веѓите и се виде себеси во своите илјади облици, за миг испитувајќи дали овој црн тип со долги нозе му ја открива вистината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тврдините, црквите, манастирите и старите - дотраени куќи наоколу, обвиени и оживеани од бројните приказни и легенди за едно бурно минато, секој час раскриваа пред неговите очи нови облици - сѐ побогати и почудесни...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Многу познати лица, предмети, зборови, минуваат низ внатрешната празнина и ги менат своите облици до бесцелност А кога ќе минат како колона кртови, тунелите зад нив се глуви и празни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
7. Божице строга, Ти што ми претскажа вечна скитија, Ја претчувствуваш ли необложноста Една нова материја во облик на македониум Дека ќе го обликува светот од пепел Или ќе ни ги исцели раните?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
3. Воздухот е расцветан Звуци на запалени бои го опиваат полето И небото почнува да се доселува Во облик на ѕвезда во секој заоблен плог.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Нивните погледи натаму беа толку желни што повеќе намамуваа да се појави нешто на повидок така што и низ двогледот предметите ги губеа своите облици станувајќи неодредлива измама.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Молчеа така со поглед одпредметувајќи ги облиците, наслушнувајќи ја стварноста, сѐ до утрото. Во мугрите излегоа од дувлото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Околината одблесна под месечевата светлина во која облиците се појавија голи, изменети, но уште по не одредени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако треба да изгориш – огнот ќе го поприми обликот на моето тело Ако треба да умреш – ќе згасне и мојата врсничка меѓу ѕвездите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе