облази (св.)
Така тие ноќи само некои лоши, невеласни соништа ме шетаат: де пропаѓам, де се качувам, де некои гуштери, ѕвиждалници, слепјаци и смокови ме облазуваат. Ме заплеткуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од секаде те облазуваат браздички вода, те студенкаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин ќе видам слечена змијска кошула, ќе наѕрам во неа, а некаде од зад мене, ќе се појави змија или смок или слепјак и ќе ми се качи да ме облазува, да ме врзува, да ме цица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Веќе и породилната водичка ме облазила по нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)