обичност ж.

обичност (ж.)

Сета околина како да беше изместена од својата природност, од својата обичност, па беше оставена во некој друг, непознат крај, во друга средина и други климатски и релјефни услови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но Петре се потресува од обичноста на зборот што треба да го искаже и кој како сѐ да разбива и принижува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секој ден, Поетот, пред да излезе од празната одаја за која тврди дека е сцена на величествените собири на зборовите, извршува најдетална смотра на состојбата на лицето, на насмевката, и на сите делови од облеката (и покрај обичноста што веќе е спомната како карактеристика на неговото однесување).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не ми се допаѓа метаморфозата во обичноста на светот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)