обжали (св.)
Танаил користејќи го правото на жалба, го обжали решението на судот со кое му се наложуваше да му ја плати на Китан штетата за куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тужениот „Кјуби“, кој повторно го изгуби спорот, незадоволен од ваквиот исход – пак ја обжалува пресудата пред битолска апелација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во однос на спроведувањето на Пресудата, која во јануари 2005 стана правосилна и извршна, бидејќи не беше обжалена – оваа операција одеше доброволно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во овој случај, индикативно е тоа што речиси сите изгубени спорови т.е. негативни пресуди, и покрај немањето правни аргументи, се обжалуваат од страна на претставници на државните институции, при што се трошат големи суми буџетски средства („народни пари“) на име судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)