обезбеден (прид.)
Турското господство во Македонија ќе се зачува само тогаш ако во неа има многубројно население што ја гледа својата благосостојба обезбедена само под власта на Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како во полусон, поднаежен во тоа октомвриско пополноќие, веќе ми беше јасно дека не сум сред онаа фина обезбеденост и измазнетост на собирот на писателите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Гладот ли што ги мачеше и нив исто како и џганот, или сликата на гладот што ја гледаа пред себе во партали, боси нозе како ѓон со крвјосани петици, гурелави очи и остри коски како сабји подадени под смрдените кошули на оние што ја преживеале чумата, ги издели некако двајцата од несреќните и ги направи поблиски, иако со сркањето од бакарните чанаци сакаа да покажат, ќајата - дека и покрај човечката слабост тој си е обезбеден пред допирот на несреќата, а тој пак - дека е благодарен и почестен што е со него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Согласно горенаведените законски одредби, а врз основа на обезбедениот список, стручните служби на Центрите за вработување при АВРМ постапуваа по вкупно 9.987 барања за остварување право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Центарот беше обезбеден со три стражарски места и со видеокамери поставени на високи метални шипки, со што во одделението за наблјудување и алармирање можеше да се забележи секоја промена и движење во пространиот двор, во паркот и надвор од оградата, во појас од десетина метри.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)