нунко м.

нунко (м.)

Се задале сватовите од под село да идат: нункото напред со ургулицата в рака, по него зетот и сите сватови, свирејќи со гајдата и фрлајќи пиштоли дошле во Божинови дворови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нунковците му клаваат едно име на кумчето за тоа со него да се разликува од другите луѓе, деца, жени, моми.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Соседните народи еден спрема друг, значи,се јавуваат во вид на нунко и кум.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ПОЦКО: Бог да го убије виното, што ми го опи нункото!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мајката си го зеде, и пак, како поп Трајко што ја праша нунката в црква, запраша: — Кажи, нунко, име. Стојанка со полна уста одговори: — Неда!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крчо Попов го расипа адетот. Ја пободиња малку одутрина кобилата на новиот нунко Димитрија од Бешиште, дојде дватрипати до Рожденкината порта — проти сите адети — и за малку што не јаде ќотек од Трајка Малов, кога рече ота сака да ја види невестата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста остана сама во земникот. Тука ќе дојдат: попот, нункото, деверот, зетот Илко и брат му Стојо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас тебе ќе бидам нов нунко и ќе крстам на моето име – Арслане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дали се еднакво или нееднакво дарувани, вели, малиот девер и стариот девер, нункото и старосватот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таков е обичајот да може и дете да биде нунко, па макар често пати да е нужно две жени од едната и другата страна да му го придржуваат кумчето дури попот пее над него молитви, зашто инаку сигурно би му паднало од раце на плочите од црковната паперта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се чинеше, Орде барем така си помислуваше понекогаш, а и сега кога нункото му кажа за нејзината љубов, - дека тоа заправо не се татко и ќерка, ами дека е тој некој силен и лош змев што ја грабнал неа, убава девојка од далечна земја, и сега веќе двата остареле во оваа куќа, загинала и неговата сила и нејзината убост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајка му на Ордета, останата вдовица со тоа единствено дете, дојде кај него и му се припрати со молби и заколнувања: „Златен нунко, ти ќе ми го водиш детено во Сосрија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе ги ткаеш даровите - за свекорот, свекрвата - за деверот, за нункото - даровите за сватови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)