номад м.
номадски прид.

номад (м.)

Со навлегувањето на овие беспризорни номади во нашата улица, широчината со трите багреми стана табу за другите деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Надвор ѕверски завиваше луто ветриште, номад, бескуќник секогаш поинаков за луѓето и спрема луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оче Симеоне, Марија ја бара мојата смрт под една палма. Да се обидеме како пустинските номади?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ноќва можеш да се префрлиш таму со камион.“ „Од утре,“ се исправи и Отец Симеон. „Дојдов кај тебе заради тоа утре зашто бев сит од номадство. Благодарам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Меѓутоа, постои и номадството на сиромашните, и не можат да се пеат фалоспеви на демократијата и пазарот а едновремено да не им се допушта на луѓето да одат да живеат кадешто сакаат, без принудите што ги претставуваат границите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури и Светото Писмо вели дека постојат два типа луѓе: едниот е номад, а другиот – земјоделец; едниот сака да освојува нови и непознати светови, а другиот најубаво се чувствува кога ќе се сврзе за својата нива, ќе си квакне во своето народно духовно кеневче, па ќе расправа прикаски за големината на народниот дух и ќе си потпрднува од националниот грав, негово лично производство, најголемиот симбол на светиот дух на неговите предци.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да беше станал номад дури и во сопственото срце. Мора да продолжи да чекори...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Летото во крвта како амајлија на градите на номадот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И секогаш има номади кои талкаат низ просторот меѓу границите, претворајќи ги во места за средба, места на трговија, меѓузони.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Да бидеме номади со пустински шатори и цигански черги, со насмевка на усните, сјај во очите и милост во срцата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, некои луѓе ги менуваат, како номади кои не се врзале за ништо!
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- Што! Да живее како јас! Номад цел живот да биде и бележан со униформата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како номад на секои две три години се селеше во друг град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа идеја силно ќе влијае на промената на историјата во светот, се надоврза Татко, Турците, од азиско потекло и како номади, биле добри коњаници, но слаби пешадијци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)