нечист (прид.)
Потоа ме погледна диво и го згмечи цванцикот на нечистиот чаршаф.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Жената клекна и ми го стисна глуждот на босата нечиста нога.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Коњак“, побара и остана неподвижен, со забуцани прсти во косата, загледан во дамките на нечистиот чаршав.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се наведна, ја дигна покривката: од работ на нечистиот завој, месото на ранетата нога, долу беше натечено млако, темносино.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Уште пред да се раздени можеше да се забележи: кошулата му беше нечиста и стуткана, износените чевли ветуваа распаѓање.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Нечистите превивки на раката му висеа, беа замрсени како и неговите мисли.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Овде-онде распукани, парчосани олуци, како нечисти крпи одамна излезени од употреба.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нивната свршеница стануваше ноќе и бараше во нечисти чинии нешто за јадење, потоа, сета крцкава и испотена, се обидуваше да се намести крај Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Лудост ли е сето тоа? Или некое нечисто бладање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На нечистата добро изгазена земја, сега останата гола, светлината ја беше насликала решетката од прозорецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Претседателот ја погледнува страницата ишаркана со молив, па ги преместува полиените со нечиста влага очи кон иследникот: „Што е таму?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Којзнае какви нечисти сили му влегле, ќе си речам, и ќе слезам да го молам да не се тепа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да се срами човек што живее во ваков нечист град!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А околу си џглиботи гној и матна вода, нечиста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Мори, оти ти е онака детено, вели, да не ти е изгорено, прашува. - Не е изгорено, ѝ велам јас на Маса Ќулумоска, туку некои мозолки му излегоа, ѝ велам, дали од еврејката или од некоја нечиста жена е видено, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Едно време во домот, многумина се посомневаа во неговиот човечки пород, ги исплаши неговиот дух (иако најжестоко се проповедаше против религијата), - некои, сепак, се посомневаа во него, можеби тој беше плод на нечистиот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)