неудобен прид.

неудобен (прид.)

Мракот стана тешка неудобна кожурка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И додека на масичево пред мене истинува чајот (треската во крвта не ќе ја совладам со неколку топли голтки), седам во неудобен хотелски кревет и пишувам на коленици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Би можел со саати да седам во овој неудобен стол. Веројатно така и ќе направам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега, кога влегов, сите ме гледаа. Првпат се чувствував неудобно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зошто би губел време, па уште во вака веќе неудобни околности.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Столовите беа неудобни како во ресторан за брза исхрана – со таа разлика што овде услугата беше очајна.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Неудобни му беа и штирканата јака на кошулата и машната- пеперутка, оти и тој, како и неговата поранешна жена, имаше ставено повеќе килограми последниве години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со него, паралелно во ист ритам, одеше и неговиот бик Чако, разјарен, лаком во своите потреби, кој подгонет од неудобноста на студот, веднаш јурна низ угорницата, без да го почитува својот стопан.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не престана да покажува дека човеков што дојде е од особен интерес за него поради што на гостинот му стана малку неудобно: сега се плашеше дека кучето демне молкома да го фати за нога, а не се осмелуваше тоа да го покаже.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За жал се качувам секогаш во неудобна клацкалка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова е туѓ костим во кој ми е неудобно.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)