нередовен (прид.)
Но учителот не продолжува. Ја знаеше причината: Коле е бистар и бргу сфаќа, но нередовноста доста му пречи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ама тоа, си мислам, е од нередовно јадење и спиење, од многу одење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како и да е, искуство од 10 фунти на нередовна база не е доволно за развивање 84 зависност, ниту за да биде толку лошо како во новелата на Вилијам Бароуз (William Burroughs) со симптоми како вознемиреност, тресење, потење, хипертензија, спонтани ејакулации, губење апетит, неконтролирани напади на дијареа, повремени грчеви на дебелото црево, итн., со постепено смирување од над пет до осум дена.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Малку по малку, должностите почна да ги извршува нередовно; а посебно кога во разговор со управникот или со главната сестра требаше да каже нешто за каков било предмет, кога ќе осетеше дека на дотичниот предмет и самиот треба да му подари некаква изјава, буквално ќе се скршеше.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во нередовни интервали, тие ќе му поднесеа едно валкано парче хартија за кое велеа дека е сметката, но тој имаше впечаток дека секогаш му наплатуваат помалку.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаме контејнери низ градот, ама многу нередовно ги празнат и затоа околу нив се грамадат купишта смет - да речеме - на секој ќош - јавна депонија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Изненадувачки е тоа што и покрај немањето доволно финансиски средства, односно нередовната исплата и каснењето на платите, меѓу вработените во ССМ имаше одлична комуникација и работата течеше прилично добро.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со намалувањето на продажбата и лошото раководење настанаа услови за влошување на работната атмосфера и условите за работа, како и нередовност на платите и нивно исплаќање во најразлични производи од компании кои своите обврски ги подмируваа со компензација т.е. взаемно пребивање на побарувањата или нивно намирување во натурален облик.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Марија му се довери без срам дека тоа никогаш не можела да го прави со своите нередовни љубовници, поради онаа празнина што следува по водењето љубов.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Откако се задевојчи сите циклуси ѝ беа нередовни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа треба да доаѓате постојано и да дарувате онолку колку што можете затоа што секогаш има други деца на кои им треба помош да пораснат, исто како на вас“, им се обрати на возрасните, посебно на оној што беше најдарежлив од сите нејзини деца, ама и нередовен понекој пат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Нередовните циклуси беа причината за грешка во датумите. За абортус веќе немаше време.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Камилски продолжи со аргументацијата: Башибозуците биле нередовни коњаници, односно биле мобилизирани како помошен дел во воени походи на Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Помеѓу чеканот и наковалната Денес работниците во Република Македонија се соочуваат со континуирана деградација на работните места, ниски и нередовни плати, понижувања и малтретирања, работат онолку колку што ќе им рече газдата, а оние кои ќе се одважат да се спротистават често се на „мета“ на работодавачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)