нерамномерен (прид.)
Но тогаш капитализмот не би бил капитализам, зашто и нерамномерноста на развитокот и полугладниот животен стандард на масите се основни, неизбежни услови и претпоставки на тој начин на производство.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но поделбата на светот помеѓу двата моќни труста, се разбира, не ја исклучува прераспределбата ако односите на силите – поради нерамномерноста на развитокот, војните, краховите итн. – се менуваат.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Лансбург извлекува од тие факти смешен малограѓански морал: дека извозот сврзан со заеми е несигурен и нерамномерен, дека не е добро да се извозуваат капитали во странство наместо „природно“ и „хармонично“ да се развива во домашната индустрија, дека на Круп
„скапо“ му чинат милионските бакшиши при странските заеми итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Послушна сум спрема нешто што во мене постојано но нерамномерно звучи, ту укажува, ту заповеда.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нерамномерното движење за навлаката на автобусот ми го донесе најзиниот задник в скут. Полека- полека ѝ се залепив за задникот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ноќната тишина ја сечеше острото и нерамномерно дишење на заспаните деца, а, одвреме-навреме, се слушаше мекањето на козите од блиските соседи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, ваквата нерамномерна оптовареност на судиите не е различно вреднувана, па сите добиваат иста [доста голема] плата – без разлика дали решаваат тешки случаи или ситни прекршоци. 307 обичниот македонски човек и работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)