неразбирлив прид.

неразбирлив (прид.)

Но сега-засега од такви подробни разгледувања за засегнатите прашања уште нема голема и неодложна потреба; затоа требаше за сите од нив да се кажат по неколку збора, зашто тие едно без друго се нејасни и неразбирливи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
САВЕТКА: Блиску се. Ајде да побрзаме! (брзо се повлекуваат во куќата). (Пред портата шум и неразбирливи зборови.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Или, можеби, ништо не криеше. Како орев од кој вешта верверица ја извадила на неразбирлив начин јатката оставајќи на тврдата кора фантастично мало дупченце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не ја разбирав смислата на молитвите и своеволно ги изопачував чудните, неразбирливи зборови - Оче наш, иже јеси, Стане беси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тешка, неразбирлива и неполезна себичност, тие сакаа да се допаднат некому и секогаш се истакнуваа со нешто случајно и смешно што кај мене подоцна предизвика нејасен презир и гомарни сомневања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја отвора беззабата уста и цвркоти нешто на својот неразбирлив јазик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нејзините зборови се неразбирливи и прилегаат повеќе на изгубени, искинати крикови.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По извесно време потпевнува нешто тажно но неразбирливо.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Струењето оттаму на свежина, што единствено го храни животот на овие неразбирливи упорни луѓе, е прекинато.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не ме лаже умот, има во тебе нешто неразбирливо. Гордост?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во оние пркосни денови Арсо се сметаше себеси за непрекршлив револуционер, херој што ќе остави блескаво име во повеста на таа неразбирлива намачена и жестока земја. Тој само го извалкал тоа гордо име.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За сето време им зборуваше на сите далечни луѓе, за сето време тој продолжуваше да им довикнува ним по нешто такво, неразбирливо и заздишано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше со часови да се занесе во едни чудни размислувања за луѓето, понекогаш дури ги изговараше зборовите, што би имал да им ги рече ним, остануваше едно неразбирливо мрморење во неговата зазбивтаност, и тоа воопшто не ѝ пречеше на осојничавата тишина на шумата да си остане пак ненарушена и понорничава. Ниеднаш не престана да мрмори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Внимавај сега... Пред мостот нѐ запира силен и неразбирлив крик.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овој пламна, ги затегна рацете зад грбот и свика нешто неразбирливо, слично на лаеж.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Полјакот се чукаше по главата и мрмореше нешто неразбирливо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Старецот стана, се накашла еднаш, двапати, промрморе едно неразбирливо „добра ноќ“ и си влезе во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан чувствуваше некаков неразбирлив неспокој.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе