непремостлив (прид.)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остануваше притиснат, скучен и сам, а во неговите добри очички, какви што можат да бидат сретнати само кај срните, стоеше нешто толку далечно и стаклесто, во кое беше цела една непремостива провалија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јазот меѓу академските и обичните граѓани, веќе прилично широк, ќе стане непремостлив.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но, греши кога сугерира дека Бојс е сепак подобар политичар отколку уметник и греши исто така во својата последна книга (2) кога го зема здраво за готово прочуениот концепт на проширена уметност и прави од месијанската визија на уметникот свој непремостлив хоризонт.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа разидување... Оддалечување. Тој страшен процеп меѓу нив... Се чини непремостлив... Засекогаш... ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Братот, на крајот, виде-невиде, конечно се откажа од составувањето на семејното стебло по Мајкина линија, поради непремостливата тага што ја обземаше Мајка кога се сеќаваше на мртвиот и на живиот дел од своето семејството преку границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Апсолутно нејасно е како, само една тенка линија дели целосна доверба од апсолутна недоверба, како тенка линија е граница непремостлива помеѓу денес и вчера, минатото сегашноста и иднината, како едно дело во афект сторено, останува на душата, станува небиднина.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)