неправда ж.

неправда (ж.)

Не, не можев да ја истрпам неправдата! Да, сигурно е така.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Навистина, можеби и денеска ќе бев во првите борбени редови, но што да сторам кога не можам да ги поднесувам неправдите
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Неправдата постои, постоиш и ти, борецу против неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неправда и срам за самата правда божја е тие да стојат в кауш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Каква е таа неправда, мислеше тој, најмудрата живинка, а си ја исправил само на двете, толку чипо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Страот од себе и од својата неправда, не срамот од својата кражба, тоа е сакатиот лакат на Претседателон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие казни не го оставија на мир ни Гоцета, кој многу пргав по природа, не можеше да трпи стеги и неправди.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Улам на твојата жестока неправда Што ми го одзеде сонот, Улам на твојата божја сила еден крај друг дури стоиме и дури погледнувам на твојата рака што ги покрива усните неколку века од мене да се оддалечиш.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- „Сите грешки и неправди гробот ги исправува“ , велеше Лазор Ночески, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде се родил, кога, од каква мајка, од каков татко, - се разбира, од семејството на бедни родители, селани, работници, уште во младоста го почувствувал тешкиот живот, неправдата, црната експлоатација...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И затоа, кога мислата ја нема, се појавуваат козите, пратени од Бога да ја исправат неправдата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
6. За правдата слушавме, неправдата ја видовме! Руска пословица
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Салиери станува бранител на човекот против божјата неправда.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога и како станавте свесни за неправдата којашто тој ја претставува? Мошне доцна, морам да признаам. По војната.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Каква неправда кон самиот Орфеј, каква неправда кон телото!“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но ние ќе ја исправиме таа историска неправда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имало најстрашно угнетување, неправда, сиромаштија - полошо од сѐ што можеме да замислиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па дури и кога стануваа незадоволни, што понекогаш се случуваше, нивното незадоволство не водеше никаде затоа што, онака без општи претстави, тие можеа да го сконцентрираат своето незадоволство само на минорни, поединечни неправди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вака, според устата на Лествичникот, му рекол: „Дојди синко единствен (тоа особено го нагласи, но тогаш јас не сфаќав смислата на таа нагласка), и избави се од неправдите што ти ги нанесоа поради Филозофот, и името ти го одзедоа: дојди и види што има во гробот мој!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе