неоргански (прид.)
Но бидејќи тешко му одеше, излезот го бараше во вулканите: со нивна помош сакаше да го реши потфатот, зашто вулканите се тие што ја создале живата материја на земјата; тие ги имаат сите потребни неоргански состојци за тоа: амонијак, метан, водород, цијановодород, јаглендиоксид и други, од чии соединенија, под дејство на висока температура и со присуство на водена пареа, се создаваат органски молекули, се постигнува синтеза на аминокиселини, нуклеински киселини, белковини и други потребни молекули за создавање на жива материја.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тој во своите скулптури ги испитуваше неорганските материи, како што се железото и бакарот, и органските материјали, како што се земјата и дрвото, како можни извори на физичка топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Точно! Вардариште не е рудник. Депонија - место на кое има награмадено илјадници тони секаков отпад - органски и неоргански.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Што емитува?“ „Емитува во воздухот штетни гасови од согорувања на неоргански и органски материи. Сѐ до крајот на процесот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)