неон м.
неонка ж.

неон (м.)

Во неговата близина нема никого. Куќите трепетат како да се испаруваат. Проѕирните неонски светилки со безбројно шарени зраци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Шоферот на мерцедосот преплашено гледаше во долгите нозе на својата жртва; под неонската светлост на соседните згради, неговото лице беше посиво и пожолто од лицата што сме свикнале да ги гледаме кога се сведоци на една смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ВО ИСТАНБУЛ има многу знаменитости и интересности, па во градот на Босфор, времето лета и денот минува за миг; чиниш штотуку се разденило, а веќе гледаш дека се палат неонските светла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не гореа веќе неонските светла, ниту се слушаше музика, не се ширеше опојниот мирис од кујните.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Слушај како неонот зуи на патот кон меѓународниот аеродром Нарита.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Генерации од стрелци го средуваа неонот сè додека екипите за одржување не кренаа раце.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го најдовме препорачаниот хотел. Големиот неонски натпис со името на хотелот – поканува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Иако слушна гласови, неговите очи не можеа да распознаат човечки фигури сред купот волнени паноа, неонските цевки завиткани во форма на букви, и друг материјал и опрема складирана внатре.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ уште неукрасена со неонски знаци и табла за привлекување на вниманието, таа беше сив, гол, колосален надгробен споменик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)