ненаучен (прид.)
Водичите се подготвени да ја изречат беспрекорно научената идеолошка молитва.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сафет-ефенди сега живееше со неа како ќаја во една поголема куќа среде селото Ајдинци: беше благ ќаја, справедлив, но и во тоа не беше промената, дури ако се земе предвид дека и недоверчивите селани, ненаучени на такво однесување, ќајата што не ги искористуваше го сметаа за недоветен и глупав.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Томо ненаучен на родителски сентименталности, кратко се поздрави.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но вечерта кога со Филип чекоревме по нерамниот селски пат неколку пати се препнав ненаучена да одам на штикли.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)