немирко (ср.)
- Тоа дете е немо! - вели Златко. - Тоа дете е голем немирко. Не играјте со него, - вели Весна.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Бидејќи ѝ достуде, пак се стутка во топлата прегратка на немирката Маја.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
„Блеки, немирко низаеден! Така ли се бега од дома? Јас те галам - а ти си сакал другари. Е, Блеки, Блеки...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Отсега, ќе живеат тајно, во шумите: таа, Мајката и тоа, под светлината на денот – жилаво итар немирко што се провлекува низ најскриените патеки или мрзеливо, оптегнат на карпата, ги впива сонцевите зраци; откако бувот ќе зачуди - - змивче, што нечујно се претопува во темнините, во потрага по птичји гнезда.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Им велам на моите немирковци - глави ќе расчукаат...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Веројатно добро ја подгореле. Мали немирковци, а? Но лути како пиперчиња!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)