некомпетентен (прид.)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Дали поради сопствената малодушност или инфериорност, или пак некомпетентност, за прв пат се почувствува исфрлена од колосек.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)