некаде прил.

некаде (прил.)

– „Боже! Зер си гледал од некаде, ја ти кажал некој, море синко Силјане,“ му рекла мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никола и кандило, а некаде понатаму ламба, додека долу, напред стои ковчег за алишта.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ваму некаде во арнаутскине села си држи дуќан—трговец.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Лево некаде кон дното, на оградата врата од ист материјал, која води на улица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Белич бргу протна глава низ прозорец: далеку уште во темнината некаде, трепкаше мижлива светлина, која жто стануваше сѐ поголема, поблиска. Станица! Спасени се!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Погледот им беше устремен накај сртот на Беласица што се одразуваше на јасното небо како остра црна рецка: таму некаде во нејзиното подножје, се наоѓаат младинските бригади, нивна крајна цел.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ха-ха-ха! ... Некаде насреде од чудовиштето зина огромна челуст, водата закипе, се запени и Мече усети дека расте, се надига над него бескраен воден свод.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Збиркава песни од народноослободителната борба - собрани и редактирани од Блаже Конески - до некаде ќе ја задоволи таа потреба.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Крсташ орел се зададе откаде Пуловец и прелета над Трибор за да падне некаде по Раец, Раково или Дунското.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислите му шетаа некаде по Трибор, по Рожден и ја бараа солунката која треба да ја замени неговата Стојанка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Кој не ќе ти даде, само кажи ми го, - му порача Луман на станување кога некаде по полноќ тргна да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Момци... скријте го некаде да не го гледам пред очи ваков заспан. Бргу! Што чекате!...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И радосен, зашто кажува како еден силен арамија, Арнаутин, ги мачел сиромашните селани и како тие, во времето по Хуриетот некаде околу 1909 година, му платиле за сето зло што им го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе