неизбришлив (прид.)
Јас сум неизбришлив траг на среќа во оваа земја на анархија!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, не е помала уште една заслуга на авторот, радо би рекле писателот (текстот обилува со волшепства), успешно и наизменично да се проигрува со неизбришливите емоции од детството, како со провоцирана индигнација на тоталитарната отуѓеност на извесен политички режим.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Други велат, си го загубил волшебниот спреј со кој се фиксираат новогодишните честитки, желби, за да останат неизбришливи доживотно.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
И следува констатацијата дека средината во која живеам остава неизбришливи траги во душата, дека повеќе животот не ми изгледа едноставен како што сум мислел порано, дека мојот поглед кон многу нешта од корен се менува, и животот на човекот е темна и празна провалија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сѐ уште ретките живи сведоци го паметат тој далечен, кобен чин на омразата, подлоста и неизбришливиот резил, но обессилени од стравот, немо го врват патот долж ’рѓосаната бодликава жица...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)