недоумение ср.

недоумение (ср.)

Некои ја примаа оваа порачка молчешкум, други изгледаа пропаднати од недоумение кај да најдат пари, а неколкумина попладнето на деда Бошка му дојдоа дома да го молат да му рече на арамијата да им се смилува, да не им сака, зашто немаат од каде да најдат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Послушно клекнаа и седнаа на местото каде што стоеја и вкочанети од недоумение долго останаа така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Методија, целиот во недоумение почна да ги загледува кон вратата за да види што е ова со матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Гајдата запре и ораџиите ги пуштија рацете, та застанаа во недоумение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да го отепа некако времео, излезе надвор и, откако малку се загледа во несмасната нова верзија на театарската зграда на плоштадот и во недоумение дали да премине преку плоштадот и да тргне по главната улица кон Драгорот или да сврти в десно и да се упати кон Ленски мост, ги напика рацете во џебовите и сепак сврте в лево да оди по улицата право нагоре, во спротивен правец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Хм, си пристори авторот. Овој е цврсто клапнат на нешто, има лежиште, заклучи авторот во целосно недоумение.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го прекоруваше ли него за недовербата и недоумението?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Толку многу недоуменија ни донесе ова куче...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За миг како да беше во недоумение, но брзо скокна од неговиот скут на паркетот и заигра како да го предизвикува господинот Гроздановски поскоро да тргне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)