недоразвиен (прид.)
Дрско, со подзамижани очи, ѝ ги мерам недоразвиените гради.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Само понекаде некое дрво, сето бело и прекрасно, ја подаваше едната своја страна без димензии, како некој убав дел на недоразвиена фотографија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој звук зачудо, со првата наквечерина, сега се оформуваше пред мене во проѕирна стројност и јас видов жена во движење но таква како недоразвиен развигор да лелее некоја мекост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но, при оценката што ѝ недостасува на оваа млада, недоразвиена демократија, обично одговорите се концентрираат на незадоволителното досие во поглед на остварувањето на личните и политичките права.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Статусот на човековите права во Република Македонија, 20 години од почетокот на транзицијата, сѐ уште е незадоволителен, сѐ уште нѐ прави „млада“, „недоразвиена“ демократија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)