неделава (прил.)
Лаката од Адема беше голема, пет кила семе бери, а бегот сака неделава да биде изорана и посадена царевка, инаку се знае, ќе го јадат остенот секој ден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од немирниот сон што трае со месеци, од превртувањето во постела неделава, од наглото станување од кревет, мугриве. Холокауст центарот е трауматично здание.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„И мене не ми цутат рози. Ете, мојот хороскоп за неделава предвидува само црнила. Но тоа не ме депримира.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Деновиве сум зафатен, но кон крајот на неделава ќе имам време.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)