насмеа (прил.)
На лицето му се исцрта уплав. – Не се плаши – се насмеа Беличот, кој што очигледно беше веќе запознат со оваа тајна.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ја издолжи шијата и се насмеа некако од срце, срдечно, татковски.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Не се Задушници, се насмеа Кузман; сепак му подаде поцрнет цванцик, сплескан уличен отпушок.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Удри со белата платнена чевличка по калдрмата, чиниш ќе заигра и одново се насмеа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тода се насмеа, се сети и ја заврте главата со едно „а! ax! јас!"
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Помина ден, поминаа два, Крчо се виде со Неда оддалеку, и се насмеа со претпазливост да не го забележат другите деца што беа со него; таа на ист начин му одговори и ги наведоа обајцата главите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Види, види, кучка една! Ошче неизлезена од нашата куќа, почна за тамо да печали! — се насмеа татко и им ја остави грижата тие двете да го направат предлогот за даровите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му кажа една смешка – тој не се насмеа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Таа се насмеа. Уморен си, ми рече. Одмори се.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Богословот ја дигна главата, се насмеа: „Лажев. Не ми е роденден“, Му призна невесело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го препозна во својот глас потсмевот на отец Симеон и се насмеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Гавранот добродушно се насмеа и ме повлече благо за нос.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
– Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
„Не пијам. Можеме и овде да разговараме.“ Се насмеа: „Не мислев никаде да ве канам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Старец?“ без злорадост ја праша. „Не...да.“ И се насмеа. „Се претставува смешно. Отец Симеон.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во следниот момент веќе тој лукаво му се насмеа и си ја избриша со белото шамиче потта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А сега шибај, дождалец, се насмеа. Темно се развеселуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се насмеа, зашто и во огледалото тоа негово кривулење излезе многу смешно.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)