насетува (несв.)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Крвавите отпечатоци тој само ги насетуваше во темнината - прогонувачите по нив не можеа да го најдат. Револвери, шушкаше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега дождот им ги полни седалките; цивкаат преплашено и трчаат безглаво под разбуричканите ќерамиди. Насетуваат што се случува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Само го погледна Глигора, кој презриво го туткаше челото. И Глигор насетуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој само зави малку посилно, за'ржа, насетувајќи го сето она, што можеше да му се случи, но тој и го стори сето тоа сепак упорно продолжувајќи да останува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеше само да насетува како се чувствуваат сега оние двајца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби не се знае каде, но јас и мајка ми веќе насетуваме; некаде в логор.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Станаа доста зборливи за сметка на повлеченоста од која можеа да насетуваат како кучиња.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Дебелиот го гледаше со стиснати усни како да насетува нешто.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сонот го следеше својот тек: и во него први беа скалите, дрвените скали на старата куќа по кои се качува, па кујната со маса наместена како за ручек со шарен извезен чаршав, соларник на сред и четири чинии околу, потоа надесно, кон собата во која спиев со Мајка, таму, веднаш таа-лежи на креветот, до половина покриена со јамболија под која ја насетувам мекоста на крупното тело.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Насетувам како да станува потежок.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега сите добро насетуваат што им зборува Максима Акиноски: и ако отиде некој в сабота в град за да купува, или ако отиде по некоја друга работа во некое друго место надвор од Потковицата, да не шлапа таму што годе туку да си го држи јазикот стиснат за заби.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И во еден миг, кога му се стори дека почна да насетува на што го подготвува султанот, одненадеж го опфати треска.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Насетувам како вене мојата градина Со дел што во неа го всадив, Насетувам како молкнува пилето в гради И како вене мојата градина.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Опната е извонредно нежна, иако со некоја матна проѕирност, така што обликот внатре повеќе го насетувам одошто гледам.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Секогаш има возови што пристигнуваат и заминуваат, но во Играта во која втрча почна да насетува некои таинствени, неумоливи законитости.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Насетуваше дека таму има нешто. Беше подготвен да се соочи со тоа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Крвавите отпечатоци тој само ги насетуваше во темнината - прогонувачите по нив не можеа да го најдат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)