направо (прил.)
Во сите нив направо ни се велеше: седете си мирно, оти ако направите брканица – не можам и не сакам да ви поможам.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А, бог те убил ѓаволска направо, а, парче и бурмиче не останало од тебе, вртешко лажлива!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Затоа ти гледај пушти стројник направо дома му кај него.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И ако ја сака да одам стројница направо кај пусти ѝ вујко.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Десно од патот се двоеше тесен каменист селски пат, кој што водеше направо под планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Покрај парите што ги даваше грчката пропаганда преку битолскиот владика, Кондилис донесе лично илјада лири направо од Атина и им ги подели на оние „Грци" што се двоумеа, а испрати во Атина и пет шест деца на повидни селани да учат „вистинска наука".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— И ете го, реши да се предаде на поголем од Бина и од наредникот, направо на окружниот началник.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од зима направо се влегува во лето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Без заштита од татко, вујко или кој и да е близок, тој сам, направо, уште во првите денови на својот гурбетчилак остро се судрил со животот и брзо ја сфатил неговата поука, дека во тие и такви времиња мајсторот мора да потуши секаков творечки копнеж на својата душа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А мој Бојан, не берете гајле, ќе го научи и неварено млеко да пие, а сам и од овца направо да цица...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како дар на времето, да се паметува, тие, војските, и горе над шумата и долу во ливадите, оставија мноштво окопи кои и ден-денеска полека се затрупуваат од ветриштата кои дуваат од север и од северозапад, од кај Прилеп и од кај Крушово, направо низ влезот на Потковицата, и од наносите на пороите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Збогувајќи се со мажите Јанчески главите на сојовите од женската одаја си ги собираат домаќинките и заедно со нив преку тремот (од горниот крај на пондилата, врзани за јаслите дремат над нив неколку добичина, разделен е со куќното огниште над кое, прикрепени за гредите, висат камушки, а на нив, во секое време на денот и ноќта и откога се паметува котел со топла вода) и низ Мала врата излегуваат направо на срецело, ги дочекува зрачна вечерна зора.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Е, добро, ама штом едно ќе тргне направо, друго ќе почне да накривува, да настранува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И тој сака да знам дека ме сака, а да не ми го каже тоа направо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе почна и со прст да нѐ покажува, направо да ни се дере.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И сигурно брзо брзо истрчале надвор и најверојатно се замиле со студената вода од цевката што излегуваше направо од земјата на неколку метра од вратата на бараката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се отишло направо од тајното судење, поточно - од прибирањето на доказниот материјал - на јавно изрекување на пресудата, без да им се даде никаква можност на обвинетите на јавниот „процес“ да се бранат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)