напатствие (ср.)
Шпиро наврте кај попот и доби напатствија повеќе од самиот зет отколку од свекорот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Старата ластовица - мајка, им даваше последни напатствија на своите малечки за долгиот прекуморски лет.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Напротив, сметам дека сето време ја следела ќерка си, се прикрадувала зад неа, сакала да се увери дали Аксја ќе постапи токму онака како што била посоветувана, според напатствијата што самата ѝ ги дала...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Имено – во јануари 2008 – истата судијка, следејќи ги напатствијата и насоките на повисокиот суд, само делумно го усвојува тужбеното барање, при што „Кјуби“ беше задолжен да му исплати само K-15, а не и разлика на име испратнина – со мошне чудно и сомнително образложение дека ова право нема третман на „парично побарување“ (!?), па како такво прво морало да биде барано пред работодавачот, па дури потоа да се бара по пат на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)