напати (прил.)
Напати намислувам да им се придружам јас, но Коле не ме остава.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Напати испуштаа тревожни крикови.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби ниедно живинче не ја преживеало оваа стравотна ноќ?“ - размислуваше момченцето, кревајќи се на мускулите од рацете, така што со устата ја бакнуваше напати студената, исчадена греда, па бавно се спушташе, нишкајќи се притоа со целото тело.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Барем што се однесува за мене, вистина е дека оделни стихови што веќе претходно сум ги напишал, напати невидоизменети, од некоја песна сум ги вградувал во нова песна.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Лапајцата си врне, се сменува. Напати ќе удри повеќе на дожд, напати повеќе на снег.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Напати мислиш сѐ пониско слегува, ти се доближува и расте, се шири, ко гумно запалено. Сака сѐ да прегори, да поклопи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Напати сонувам, вели журчанчето, дека пак сум прогледал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Напати ќе рипнам и целата ќе легнам, ќе ја потпрам вратата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати излегуваме, ги оставаме труповите, како заштитница, и излегуваме, истрчуваме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ми скорева солзи, а напати ми иде да ја гушнам дека ете, некогаш и некаде, без наше знаење, сме биле заедно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И Никола Влашки клекнал напати вртејќи се на оваа или онаа страна и внимавајќи да не пропушти ни најбезначајно движење на луѓето, ниеден нивни збор без кој ќе е начната целосната слика на нивната судбина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Напати, кога беше преморен, од ноќта мината во читање, слушаше од длабината на стерната зарипнато, прекинато гргорење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Напати, рамнодушен пред музејските експонати, се прашував дали заслужува поголем разглоб оваа брутално и организирано раскажана глупост.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Цариград на неговата младост, напати го гледаше како голема рака подадена од европскиот кон азискиот дел, сета блесната со алемкамени, а напати како толерантно цивилизациско средиште во кое се спротивставуваа, но и се почитуваа, западната и источната култура, како и муслиманската, христијанската и хебрејската традиција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Напати и самите музеи ни личат на театарски сцени во кои водичите - конзерватори ја презеле улогата на актери, а од самите музеи не може да има подобри театарски сцени, со беспрекорна сценографија и декор.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Напати Митра се чуди на големата снага од својата ќерка, како можела таа така ситничка да ухне толку многу силина во неа, ама сега, во оваа лоша зима, ѝ е благодарна што ја грее со својот голем оган.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чана гледа многу повеќе од нив: бавчи, дрвја секакви во нив, планината не е голема, само сепак ги наполнува сосема очите и врз неа нема друга планина оти иако е облачно и роморливо, напати ветрето што се подава расчистува по некоја дупка во која се здогледува само небо над неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Којзнае од кои причини но напати се обидуваше и да го омаловажи па дури и да го исмее.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа секогаш сакаше и нејзиното име да шета низ загадочните приказни чиј што свршеток никогаш не беше доволно јасен, иако напати можеше да се наслути".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)