наоружан прид.

наоружан (прид.)

Малцина бевме, многу гоневме, и бевме слабо наоружани, но пак разбивме наши душмани.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Двајца наоружани француски војници се измолкнаа од шаторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со еден збор, Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Имате некоја чета само со манлихери наоружана?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се протна под рампата, го премина просторот до влезот на кој наоружан со револвер на појасот и со рацете на грбот стоеше чуварот кој му се испречи на патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Трајко бил напрек човек, секогаш намуртен, носил награната гуња, со кубур и долг нож во појас, па таков наоружан влегувал во пазарите во град Куманово, каде му се склањале од пат каурско и турско сметајќи го за опасан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Убавице полуписмена, тажна, добротворна дарувалко наоружана со нападна пренагласеност, нашминкана со пастелни бои како Фем фатал на Кис ван Донген, а воедно стаклена, кревка и кич небаре те направил Сваровски.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Застанат така, речиси неподвижен, покриен со смрзнат снег по телото и по лицето, наоблечен и наоружан, потпрен со раширени раце на вратата, беше како некој столетен даб, што мрачен и инаетлив ѝ се истопорил на зимата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Стој бре ќерата, каде си се забрзал! - викна едниот од аскерот наоружани до заби, небаре Петар брзаше, како може да се брза со толкав товар? - Добро, добро еве застанав...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Наоружан до заби со пушка, тешки куршуми нанижани преку градите, му удира по дрвената маса, на која се потскокнуваше тресејќи се, а момчињата од четата, повторуваа по него согласувајќи се со секоја негова мисла...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Картагина нешто се случува. Резиденцијата е опколена од наоружани војници!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речиси на сите улички во Картагина беше поставен по еден наоружан војник или полицаец, како и наоружени лица во цивилна облека. Најверојатно Палестинци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во далечината забележав еден, па друг транспортер, со наоружани војници до заби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За што ли ќе мисли дете кое околу себе катаден гледа наоружани, слуша истрели, повици, пароли, борбени песни?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Требаше уште да се одредат правилата на однесувањето на противниците во двата табори, секој наоружан со свои зборови, кои требаше да се најдат како жртви на првите борбени линии...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)