наместен (прид.)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Роднините се поткачуваат на едно столче, специјално наместено до коњот и се прегрнуваат со невестата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
-Не сум будала, - рече. – Ја ако ми имаше наместено заседа!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Збунетоста и негодувањето бргу исчезнуваат од подиумот. Пак наместени усмевки...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во дното под неа стоеше наместен дебел трупец, се чинеше како челичните запци само што не се имаа вкопано во црвеникавата, искружена од годовите, целина на буковината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној скаменет грч на широката плоча на пилата како да се потсепна еден миг, наоѓајќи се себеси будна, а потем се отпушти надолу, а острите искричави запци загризаа во кревката црвеникава буковина на трупецот, што беше наместен пред нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Веќе беше добро наместен и смирен во леглото, кога се сети дека тоа малечко срнче уште ниеднаш досега немаше чуено за огнот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Среде во леарницата беше наместена голема железна печка.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Влегоа во една сиромашно наместена одаја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Параскева нѐ покани дома и ни кажа дека издава наместени соби за летувачи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наместената мекост и подбивност исчезна, а некоја отворена и груба жестина, која постојано се надолеваше, почна да ја заплискува одајата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Така некако ѝ е наместена устата на Воскресија Мукаетова.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Камионот е наместен, капакот отворен, а војниците се чудат како да ги качат мажите така, на купче, врзани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Возот е веќе поставен на линија, наместен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така таксономиите, водата, пејзажите, птиците во воздух или во готвачки лонец, близнаците, женското сојузништво, сите типови телесни реакции, внесувањето на храна и геометризирањето кадарот со архитектура, стомак или наместена маса - се чинови на една сепроникнувачка цивилизациска посвета.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И одвреме-навреме потпивнуваше од чашката прикривајќи ја нервозата со наместена веселост.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Дејствието се одигрува во куќа со наместени соби за издавање и сопственичката на куќата се прашува дали новиот станар е познатиот убиец со име Осветник. Нешто како Џек Мевосек.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Третата воздишка беше знак за Луис да го вклучи невронскиот сметач што беше наместен на мојата страна од масата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таа седеше на работ од сцената со раширени нозе и со наместениот спекулум.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)