намерник (м.)
ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Зашто опслужуваше многу села, и зашто тука, покрај патниците и железинчарите, постојано на чешмата се војваа - во лето: волари, косачи, жетвари и многу други случајни намерници и безделници, а зиме: ловџии, дојдени дури од Прилеп и Битола за да ловат тука, во ливаѓето, во Блатото и во Чепиговски Мртвици, диви гуски и диви пајки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Остануваа само кофите и копаничината, а тие и тука савезден си стоеја таму - за да можат, ако им притекне, да се напијат вода старците, децата и намерниците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само ретко, во ноќите со полна месечина, кога сребрена светлина го облева езерото, се случува, осамените намерници да чујат прекрасни песни што доаѓаат од сред езеро.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ни на дојденците, биле тие наши роднини или намерници, не им даваме да пеат и да се вртат на оро.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зашто султанот ја насети својата неповторлива можност да биде овековечен со едно изразно средство на иднината залутано на Балканот па застана како што царот не го личи да застане пред некој намерник што на Балканот ќе стане попопуларен од султанот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Па заминувате до најблиската кафеана и наздравувате со непознати намерници во името на нејасните визии за она што сте можеле да бидете.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Намерникот тукуречи на секој чекор е изненаден од тоа што често го слуша македонскиот говор, а вчудовиден останува кога на ѕидот на една неколку катна зграда ќе види табла на која на македонски, грчки и англиски со големи букви е напишано ВИНОЖИТО.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Што се однесува до сегашнава моја положба, јас се чувствувам како оној патник- намерник кој иако сеуште не го изодил долгиот пат што наумил да го совлада, наеднаш, без некоја јасна причина, откако заноќил в туѓа куќа и убаво си отпочинал, се разбудува со чувство дека нема повеќе ниту намера ниту волја да оди понатаму.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
За Езерчени и сите намерници југот завршува на работ од врвовите на планината Одре легната на височина од 1525 метри над морето и, чиниш, за сите нив тука завршува светот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Да влезеше во тој момент некој намерник во келијата сигурно ќе му го поставеше она судбинско прашање: нели надвор врне дожд?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во лесниот повев на ветерот треперат пламенчињата и шират светлина над мракот во кој трае тишината што само намерници ја разбрануваат со длабоките потајни воздишки и тивките молитви на незаборавот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа вратичето недозатворено удира и крцка и на намерникот му се присторува дека некој липти и плаче.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)