накисне (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Накиснало од зимните дождови и од стопениот снег и ако не го проветрат и потсушат ќе и проникне и ќе останат без храна.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дожд со лапавица ги фати дента и тие накиснаа до кожа.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Многу ти благодарам. Навистина ќе накиснев...
        
      
    
    
    
      „Добри мои, добар ден“
         од Глигор Поповски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога излегол од водата рекол:  - Е, од волку повеќе немаше да накиснам!...
        
      
    
    
    
      „Добри мои, добар ден“
         од Глигор Поповски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И, да не должам многу, добри мои, уште неколкупати се повторило тоа: „Ама ако не беше мојата наметка, ќе накиснеше до кожа...“ и „Многу ти благодарам...“ па на човекот што си немал своја наметка најпосле му прекиснало, му прелило што се вели, па се симнал од коњот и сосе алишта се фрлил во реката.
        
      
    
    
    
      „Добри мои, добар ден“
         од Глигор Поповски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ќе црпите со лопатите за да не се накиснете оти сега е зима и студи, ќе настинете.
        
      
    
    
    
      „Крстот камбаната знамето“
         од Мето Јовановски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се      сеќавам на двете другарки кои еднаш заедно накиснаа        на пороен дожд.
        
      
    
    
    
      „Азбука и залутани записи“
         од Иван Шопов 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но се премисли кога виде неколку жени во униформи, кои ги пречекуваа на вратата од автобусот и им ги покриваа главите со наметки за да не накиснат, а потоа ги поставуваа во ред еднододруго, водејќи ги тивко и со решителен ритмичен чекор.
        
      
    
    
    
      „Црни овци“
         од Катица Ќулавкова 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Таа ги навлажни само усните и го накисна едниот раб од црната шамија.
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)