надразба (ж.)
Телото како поле на еротската желба и сексуалната надразба, би било наизменично обземано со промените на сонот и оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ако со помош на компјутерот создадеш доволно надразби, што означуваат постоење на одредена друга стварност, нервниот систем ќе прескокне на друг колосек и човекот новиот симулиран свет ќе го прими како стварност.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Значи, надворешната полова информација, психичкиот момент или чувствувањето се така веќе она Нешто, што хемоелектрично во мозокот го зафаќа местото на центарот за полово уживање, а надразбата што ја нарекуваме сексуална е онаа суштина што е означена како сексуално надразлив супстрат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Субјектот има во телото создаден посебен сексуален апарат којшто кореспондира само со определени надразби, а полињата на нивното појавување се нарекуваат ерогени зони.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За мене популарната култура е непроценлив извор на разновидни и противречни надразби и пориви.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)