надмоќен прид.

надмоќен (прид.)

ЛУКОВ: (Надмоќно и иронично.) Господин Христов, треба ли овие ваши зборови да ги разберам - како откажување?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Останува сам. Долго, надмоќно, гледа кон надворешната врата, потоа повторно сака да запали цигара.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Задоволен од ефектот на своите зборови, пак надмоќен и циничен.) Не присилувајте ме, Ви се молам, госпоѓо Христова, да ги изговорам гласно работите на кои им се противи моето домашно воспитание?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури тогаш забележувам дека надмоќноста на првите е привидна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ќе ги повикам, ќе дојдат, се насладувала на својата надмоќност. - А порано ме проколнуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснуваќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Централен став”: тука треба да се види врвна игра на интелигенцијата, разонода на надмоќен дух во потрага по единството на светот, по некаков Glasperlenspiel, според Herman Hesse, во кој големите мајстори на една необична уметност жонглираат со сите елементи на човечката култура како со многубројни разнобојни куглички, за без престан да се забавуваат со сложувањето на нивните бои во виножито. 18 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овде ризикуваме по малку избрзан „редукционистички” одговор, што секако би требало пошироко да го разгледаме и да ги сместиме тие три етапи во пропорции со трите етапи на она што би го нарекле либиди­нален концепт за субјектот во граѓанското општество на XX век: постои индивидуумот на „протестантската етика”, потоа хетерономниот „човек на организацијата” и најпосле денес надмоќниот „патолошки Нарцис”; меѓутоа, ако така наречениот „слом на протестантската етика” паѓа во триесеттите години, тогаш во текот на педесеттите години „човекот на организацијата” почнува да отстапува пред „патолошкиот Нарцис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се чувствуваше надмоќен!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа ќе биде постигнато или преку постепено освојување на сѐ повеќе и повеќе територии и на тој начин создавање на надмоќна сила, или преку пронаоѓање на некое ново оружје од кое нема одбрана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го рече ова не пропушти да ја измери мојата реакција со оној негов надмоќен поглед од кој извираше победоносен пламен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше тоа еден лек и немарен начин на надмошност, што и пријател му како самиот да го бараше: како од устата на друг човек да ги слуша своите сопствени внатрешни слатко-пакосни потфрлања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од тоа негово мигновено видување беше сосема јасно дека црниот човек бил неоспорно надмоќен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со оглед на тоа што Ратка беше физички надмоќна Трпе стана дури и жртва на семејно насилство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Крвавите локви на белите постели сведочеа само за неговата физичка надмоќност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека се одвиваше ова „пазарење“ таа беше сосема свесна за својата надмоќност, но во исто време и за сопственото одење по жица и можноста да биде откриена нејзината скриена животна страница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)