надева (несв.)
Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Рацете таа ги кладе врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека како младоженец в зора девојките ќе ми те облечат; тука ќе екнат весели, свадбени ора.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се надева, кутрата, пак да го пречека кога коњче ќе разигра стројно.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ако е така, тогаш на кого се надевавме во востанието? Не на Русија ли?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но и притоа се надевам оти за Македонците ваквиот јазик ќе биде попријатен и позвучен од јазикот на нашите соседи, со кои ние сега-засега се дигаме наголемо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Знаете ли што мислат тие што се за понатамошно спротивставување? – Едно, имаат надеж за замешување на силите; друго, се надеваат на конференција, и трето, велат дека ако не биде ни едното ни другото, тогаш ќе направат Турција економски да пропадне со долгото одржување голема војска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ние се надеваме есенва, си правиме бајрам на умов, да дојде и да го жениме, ама...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Се надевам, дека невестава уште поарно ќе ни испее.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Си живеевме си ја работевме земјата и се надевавме на поубав живот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Мече веднаш тргна по него, надевајќи се дека сега ќе може да му каже за своето решение да се врати назад.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Работи сега и надевај се, белки бабата Бисера со свеќата ќе помогне од некоа страна".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ова навистина даваше можност за надевање.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Човекот ја стисна долната усна со предните нерамни заби и се поткрена на лакот, нејасно надевајќи се на нешто.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еден, било кој. А тој уште се надеваше, чекаше нешто од животот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се множеше од ден на ден, од година на година и се надеваше белки тоа множење ќе ѝ овозможи еден ден да го симне својот товар од грбот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Веле слушаше напрегнато. Тој сѐ се надеваше дека ќе чуе некој макар и најмал одглас, којшто ќе му го стопли срцето, но... вистината беше жестока.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)