наговор (м.)
Тоде, пак, најмалото од сирачињата Младенови и Спасиини, по завршувањето на гимназијата во Горни Милановац, по наговор на брата си Петара, кој служеше во кралската гарда во Белград, капетан, заминал во Загреб за да студира на тамошниот медицински факултет.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ина имаше сосема класична несреќна судбина до доаѓањето во циркусот: татко алкохоличар кој умрел рано; останале со мајка им, таа и Светлана; двете се истакнувале во партерна и атлетска гимнастика во училиштето, и по наговор на наставникот, почнале интензивно да тренираат со некој познат руски стручњак кој пребегал во Украина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По наговор на Кантакузин Османлиите се истовариле на Балканот и кај Стефанија поразиле еден одред на српската коњаница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)