навев (м.)
Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока во својата притаеност; се свлекла од ѕидиштата да се врти в круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше низ многуте канали на свеста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Риби, риби, рипчиња... Нежно и грубо, тивко и гласно - како да се препорачуваа секакви риби - кркушки, крапови, сардини, гласот шушкаше како вечерен навев - надоаѓаше, се разлеваше, се повлекуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
II Ти идеме со векови од дедовци од предеди пред твојот лик сонцето што го впил и славејот и бранот и навевот на снеговите.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Чинго многу порано можел да дојде во контакт со прозата на Чехов одошто со Бабел та нема основа да ѝ се даде предимство на претпоставката дека и тој суптилен чувствен тек во неговата проза дошол од втора рака и не како директен навев.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Впрочем влијанијата, навевите, искуствата, сознанијата, методите остварени или преземени од еден автор кај друг извонредно тешко можат да се докажуваат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Внимаваше. Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока со својата притаеност: се свлекла од ѕидиштата да се врти во круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови, да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше нив многуте канали на свеста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се погоди и двете мои измачкани маргиналии да имаат скокотлив навев.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Танјуговата“ фотографија: телото на носила, прекриено со бел чаршаф и нагаравените лица на присутните, со забележлив сладострастен навев, како да не се работи за преживеани, туку за компанија оџачари.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Веројатно, овдека имаме мошне силни навеви од Пруст, кон кого Луан Старова очитува висок респект.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од викотницата што идеше од далеку, како некое тешко перде да се мавта и пропушта навеви од пискот, првин се слушна „тутунус, бре”, што значеше дека некого гонат, или дека некој таксиратлија, поради една или друга причина, треба да се фати и зграпчи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пријатни навеви од благ ветрец доаѓаат откај реката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јакне мането на песната. На лицето рабинот чувствува навев на топол морски ветар.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така и во тој навев од мисли Рада стигна до местото каде што се мешаа и слеваа звуците од двете џамии.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Полутемно небо, со броени ѕвезди. Навеви на мирис од Јанобо цвеќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)